вторник, 22 октомври 2024

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се соработници во деградирањето на Албанците

Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека не може да помине ден без, како што велат од партијата, скандали за дефакторирање на Албанците во Македонија и систематско девалвирање на Охридскиот рамковен договор „од страна на губитниците на изборите и моноетничката власт во земјава“.

Објавено на

часот

Сподели

По промената на формулата балансер и намалувањето на процентот на Албанци од 29,5 отсто на  25 отсто, непочитувањето на резултатите од пописот на населението и бришењето на албанската дијаспора од нивните права, симнувањето на албанскиот јазик од претседателската функција, следниот скандал е неназначување на албански кадар во Агенцијата за разузнавање (АР), велат од ДУИ.

„Габриела Јаковлева е нов директор на Агенцијата за разузнавање, додека Ивана Стојановска е избрана за заменик директор на оваа институција. Ова никогаш не се случило од 2001 година. Ваквите одлуки само ја докажуваат инфериорноста на вазалите кои без ниту еден услов и без легитимитет на народот станаа дел од оваа Влада која ќе остане запаметена по враќањето на времето на институционалната дискриминација и угнетувањето на Албанците како во времето пред 2001 година. (ВМРО), Вреди докажува дека се само гледачи, соработници во деградирањето на Албанците и учесници во Владата за задоволување на нивните интереси“, велат од ДУИ.

Оттаму велат дека партијата ќе продолжи да ги следи одлуките „на оваа антиалбанска Влада на секој чекор и ќе го осуди уривањето на сите демократски достигнувања што ги постигнавме заедно во овие 23 години“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ