недела, 24 ноември 2024

ДУИ: Укинувањето на балансерот ќе ги уништи меѓуетничките односи

Последната одлука на Уставниот суд за отпочнување на постапката за оцена на уставноста на одредбите кои се однесуваат на припадност на заедницата во контекст на вработување во јавниот сектор, или соодветно укинување на балансерот е само почеток на уништувањето на меѓуетничките односи изградени со голема тешкотија, сметаат од ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

Прашањето за укинување на балансерот ќе отвори и многу нови проблеми во наредниот период кои можат и ќе доведат до уривање на основните темели на Охридскиот договор.

„Жалосно е затоа што пропаѓањето се случува додека во Владата е и коалицијата која ги загуби изборите во албанскиот блок Вреди, кои се заслепени од неколку владини функции. Но, еве што се случува кога ќе ја нарушите волјата на Албанците и без срам ќе станете вазал на ВМРО, против секој национален интерес. Веќе јавно е познато дека оваа моноетничка власт, без легитимитет на Албанците, сака да ја врати претходната нееднаквост, затоа ги прашуваме нивните вазали Вреди, во овој дух како што течат работите, дали е следниот чекор констатацијата како неуставна декларирањето на етничката припадност на кандидатите за пратеници?“, прашуваат од ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ