„Главните слуги, главните вазали, секојдневно излегуваат со оправдувачки ставови за изјавата на претседателот на Уставниот суд против албанскиот јазик и ги повторуваат ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Овој чекор ќе биде следниот и најсериозен удар врз Охридскиот договор, етничкиот легитимитет, еднаквоста во државата и меѓуетничките односи.
Дарко Костадиновски е избран за член на Уставниот суд по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, поточно на поранешниот претседател Иванов, додека претседател стана во времето на оваа власт со моноетнички легитимитет.
Скандалозно е оправдувањето од Вреди и до нив блиските медиуми, за осакатувањето на службениот албански јазик и говорите дека тие се продадени, но и дека го продаваат албанскиот народ за своите позиции.
Претпоставката за одлуката на Уставниот суд од страна на претседателот на судот е политички притисок врз судиите и се прави по налог на власта со моноетнички легитимитет за понижување на Албанците“, се вели во соопштението на ДУИ.