„Меџити и Таравари, губитниците на изборите и омилени вазали на ВМРО, се пофалија дека го ослободиле Блерим Рамадани, измамувајќи ја албанската јавност. Мицковски вчера потврди дека Меџити и Таравари не отвориле уста во Владата за Блерим Рамадани велејќи дека тој не слушнал дека се пофалиле јавно за неговото ‘ослободување’.
Недостигот на легитимитет и кредибилитет на слугите во власта ги загрозува поранешните војници на ОВК, а Албанците ги остава сираци и понижени само заради измеќарските фотелји.
Понижувањето на Албанците е алармантно и скандалозно.
ВазаЛЕН-ите нѐ срамат и пред Косово и Албанија, со дипломатскиот скандал со претседателкста Османи и со апсењето на Блерим Рамадани, сето тоа со директни наредби од Вучиќ и Србија“, се вели во реакцијата на ДУИ.