„Демократијата и етничката еднаквост се темелни принципи врз кои е изграден нашата држава. Со голема загриженост, ние во(ДУИ го осудуваме последното решение на министерката за образование за замена на албанските претставници во разни комисии со македонски претставници. Овој потег е јасен знак на етничка дискриминација и исклучување на Албанците од клучните позиции на одлучување“, реагира ДУИ и наведува примери:
Џемиле Идризи е заменета со Кети Костовска
Џулијана Заири е заменета со Георги Панделиев
Сокол Ахмети е заменет со Верица Пауновска
Лаура Цана е заменета со Славица Мирчевска
Лиридона Буши е заменета со Даниела Граорска
Садете Рамадани е заменета со Билјана Трајковска
Нуран Кадриу е заменет со Анастасија Трајковска
Абаз Фетиши е заменет со Рајне Велиновска
„Целосното исклучување на албанските претставници од овие комисии не само што претставува јасен чин на етничка дискриминација, туку е и неуспех на нелегитимните албански претставници во владата да ги заштитат правата и интересите на Албанците во земјата. Ова е силен удар врз еднаквоста и праведното претставување на нашата заедница во државните институции.
ДУИ ќе преземе сите политички и правни мерки за да го оспори ова неправедно решение и да обезбеди враќање на праведното и пропорционалното претставување на Албанците, како што е предвидено со Уставот и Охридскиот договор. Повикуваме на разум да престане веднаш оваа дискриминаторска пракса“, се вели во соопштението.
Со реакција на Фејбук се јави и претходниот министер за образование и наука, Јетон Шаќири од ДУИ, кој објави докуент со одлуката за промена на членовите на комисиите.
„Албанците заслужуваат да бидат застапени и третирани со еднакво достоинство. Бараме овие дискриминаторски практики веднаш да престанат и да се осигура вклучување на сите граѓани, без оглед на етничката припадност“, напиша Шаќири.