вторник, 26 ноември 2024
Парламентарни избори 2024

ДУИ: Мицкоски ги загрозува меѓуетничките односи со путинов вокабулар

„Свесен и исплашен дека нивните слуги од албанската опозиција ќе претрпат длабок пораз, Мицкоски намерно ги загрозува меѓуетничките односи предизвикувајќи страв од дестабилизација на ситуацијата, што е желба и главна цел на проруските центри“, реагира Демократската унија за интеграција на денешните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој ѝ порача на ДУИ дека не може да се претставува како победник кај една етничка заедница во држава во која сите се граѓани, дека ДУИ мора да замине во опозиција и дека ВМРО-ДПМНЕ нема елементарна доверба за соработка со ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

„Мицкоски и ВМРО почнаа со лажни вести да измислуваат, дезинформираат и оцрнуваат се што е албанско. Ни помалку ни повеќе, денеска Мицкоски во стилот на лажни вести и заслепен од желбата за власт, ја обвинува ДУИ и Али Ахмети дека организирале вооружена група некаде во Чаир и Бутел.

ДУИ и Европскиот фронт изразуваат длабока загриженост за подбуцнувачкиот вокабулар на меѓуетничка омраза на Мицкоски една недела пред 8 мај, денот кога Европскиот фронт ќе ја одбележи својата длабока победа.

Свесен и исплашен дека нивните слуги од албанската опозиција ќе претрпат длабок пораз, Мицкоски намерно ги загрозува меѓуетничките односи предизвикувајќи страв од дестабилизација на ситуацијата, која е желба и главна цел на проруските центри во Северна Македонија.

Во оваа прилика, ДУИ и Европскиот фронт ги повикуваат граѓаните, без разлика на етничката припадност, да не станат плен на измислици и поттикнување меѓуетничка омраза, бидејќи вокабуларот, како оној на Мицкоски, е агенда на Москва и Путин, кои сакаат да ја дестабилизираат Северна Македонија посебно, а и регионот во целина.

Потсетуваме на мислењето дека кога ДУИ организираше избори во последните години, тие секогаш беа слободни, демократски и меѓународно прифатени“, се вели во реакцијата на ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ