недела, 24 ноември 2024

ДУИ до претстедателот на Уставниот суд: Да не се чепкаат албанскиот јазик и балансерот

Да не се чепкаaт апбанскиот јазик и балансерот, реагира ДУИ во врска со изјавите на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, дадени во интервју за МИА, дека пред судот се поднесени иницијативи за Законот за јазиците, како и за „балансерот“ и дека е потребно да се произнесат уставните судии, изнесувајќи и свои оценки за овие две прашања.

Објавено на

часот

Сподели

Од ДУИ реагираат со општирно соопштение по изјавите на претседателот на Уставниот суд, оценувајќи дека станува збор за вознемирачки и провокативни изјави во кои, потсетуваат од партијата, се нагласува потреба од „отстранување на дилемите“ за „балансерот“ и Законот за јазиците. ДУИ овие изјави ги смета за политички мотивирани кои доаѓаат по слични изјави од претставници на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

„Отворањето на вакви теми и секоја евентуална одлука во насока на кршење на механизмите и правата што произлегуваат од Охридскиот договор, не е ништо друго освен враќање на Северна Македонија во времето пред Охридскиот договор. Овие изјави и постапки се вистинските сценарија за провокација и јасно покажуваат кои се тие што сакаат и предизвикуваат меѓуетнички тензии.

Сакаме да ја потсетиме актуелната власт дека за овие теми нема дилеми и се затворени со уставните амандмани и другите закони кои се во сила, кои беа изгласани со двојно и апсолутно мнозинство, од различни парламентарни состави каде што сите партии учествуваа најголем број Македонци.

Потенцијалните дилеми се разрешени во највисоката законодавна институција, во Собранието на Република Македонија, а огромното мнозинство од нив се донесени до политички консензус.

За сите овие достигнувања кои на земјата ѝ обезбедија меѓуетничка кохезија  и еднаквоста на етничките заедници и граѓаните воопшто, како и евроатлантската иднина, гаранти се меѓународниот фактор – САД и земјите-членки на ЕУ.

Истовремено, ги повикуваме албанските партии кои без легитимитет влегуваат во оваа моноетничка Влада да се повлечат од оваа авантура и да разберат дека тие се таму само за да им служат на антиалбанските проекти одобрувајќи ги со нивниот молк и сервилност“, се вели во реакцијата од ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ