Според Уранија Пировска од Хелсиншки комитет, препораките од година во година се исти.
„Тоа значи дека нашата држава и понатаму не вложува во она што значи одржување на овие институции. Единствено нешто во кое се движиме напред е што ни се дозволува да влегуваме, колегите од Управата за извршување се колегијални, ни ги даваат информациите што ни се потребни“, рече таа.
Пировска смета дека одговорноста за големиот број на осуденици е кај правосудните органи, кои, според неа, не размислуваат за опцијата алтернативни мерки.
Според Александра Цветановска од МЗМП, суштината на проблемот лежи во финансиите, односно колку пари се издвојуваат за овие установи.
Извештаите кои се изработени во рамките на проектот даваат осврт на состојбата на пенетецијарниот систем, како и на состојбите и условите во психијатриските болници и Специјалниот завод – Демир Капија.