петок, 18 октомври 2024

Другарите и соседите со огномет ја пречекаа малата Ангелина која ја победи леукемијата

Објавено на

часот

Сподели

Соседите од булеварот АСНОМ во населбата Ново Лисиче на малата Ангелина ѝ приредиле вистинско добредојде дома. Со факели и со огномет го дочекале борецот кој со месеци се лечеше на Детската клиника.

Како што пренесуваат нејзините соседи на Фејсбук, на едно од игралиштата во населбата биле запалени факели, имало огномет, а децата од соседството и соучениците на Ангелина ја пречекале со песни и со скандирање на нејзиното име.

На убавиот настан и на овој хуман гест присуствувале голем број деца, другарчиња и соседи со нивните родители, кои ѝ посакале на малата Ангелина најдобро здравје во иднина, јави Мета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ