недела, 20 октомври 2024

Дрога најдена во угостителки објект во Охрид, приведен е сопственикот

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид синоќа во 19.20 часот во Охрид го лишиле од слобода охриѓанецот З.Р.(53) во чиј угостителски објект при претрес била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Објавено на

часот

Сподели

„По преземени мерки и активности и добиена наредба од Основен суд Охрид, бил извршен претрес во неговиот угостителски објект во Охрид, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен претрес и во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и бела прашкаста материја“, соопшти денеска МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ