вторник, 22 октомври 2024

Драстичен скок на омразата кон Евреите во Франција

Француското министерство за внатрешни работи соопшти дека во последните три недели од 7 октомври, кога Хамас го нападна Израел, се забележани 719 антисемитски напади и закани. За споредба, во целата мината година ги имало 436.

Објавено на

часот

Сподели

Многу француски Евреи кажале дека го криеле идентитетот кога викале такси или нарачувале достава на храна. Министерството соопшти дека меѓу 7 и 27 октомври се уапсени 389 лица, но немало дополнителни детали за лицата или природата на делата, кои можеле да вклучуваат и вербална агресија.

Франција, која има најголема европска еврејска и муслиманска заедница, распоредила 7.000 дополнителни војници и ја засилила безбедноста во стотици еврејски школи, синагоги и други места низ земјата од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток. Насилствата во тој регион често доведуваат до пораст на антисемитски напади во Франција од 2000 година, со бранови забележани во 2004, 2014 и 2015 година.

„Мојот прв рефлекс на 7 октомври беше да се јавам во министерството за внатрешни работи во 8 часот наутро и да побарам да ја засили безбедноста околу нашата заедница. Сега станува збор помалку за закана од дискриминација туку за закана од агресија. Од тоа стравуваме“, вели за Ле Монд Јонатан Арфи, претседател на Претставничкиот совет на еврејските институции во Франција (ЦРИФ).

Растечкиот антисемитизам „ги враќа траумите од детството за кои мислев дека никогаш повеќе нема да ги видам“, вели Фабиен Азулај од Обединетиот еврејски социјален фонд. „Траумите ги има и во земјата (Израел) која требаше да биде засолниште за Евреите. Така што тоа е многу, многу трауматично“, кажа тој за Асошиејтед прес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ