Нападот на популарниот ресторан во хотел на плажа се случил вчера во попладневните часови.
„Безбедносните сили успешно ги неутрализираа милитантите на Ал шабаб одговорни за терористичкиот напад на хотелот Перл бич во Могадишу. Голем број цивили се спасени за време на операцијата“, соопшти сомалиската државна новинска агенција на Твитер.
Alshabaab deadly attack at Pearl Hotel #Mogadishu continues.#PrayForTheVictims pic.twitter.com/klpXZewdlW
— Haalla✨S_ Ali (@Halla3655437082) June 9, 2023
Келнер во ресторан во близина на хотелот, Хусеин Мохамед, кажа дека слушнал експлозија, по што следело пукање кога почнал нападот.
„Целата област беше опколена со безбедносни сили“, кажал тој.
Директорот на службата за брза помош Абдикадир Абдирахман кажал дека службата досега примила седум ранети лица.
Ал шабаб е терористичка група поврзана со Ал каеда. Групата контролираше голем дел од Сомалија, пред да биде потисната во контраофанзива на владините сили. Сега терористите вршат смртоносни напади на владата, војската и комерцијални центри.