петок, 29 ноември 2024

ДПИ најави сузбивање на нелојалната конкуренција од нерегистрираните трговци

Објавено на

часот

Сподели

Од ДПИ соопштија дека од извршените инспекциски надзори врз основа на одлуките на Владата кои се однесуваат на овошјето и зеленчукот, затечени се поголем број нерегистрирани трговци. Со цел да се сузбие нелојалната конкуренција предизвикана од нерегистрираните трговци, Пазарниот инспекторат во наредниот период ќе спроведува и надзори за утврдување на нерегистрирана дејност врз основа на Законот за трговија. Освен кај оние кои продаваат овошје и зеленчук, надзори ќе се вршат и кај сите останати трговци, за сите производи низ целата територија на Република Северна Македонија. Во случај да се затекне нерегистриран трговец, освен изречена казна, ќе следува и целосно одземање на производите кои ги продава, соопшти ДПИ.

Оттаму уптатија апел до оние кои вршат нерегистрирана дејност, во најбрз можен рок да извршат регистрација, која укажуваат дека е многу едноставна и нема да им одземе повеќе од два дена.

„Доколку оставиме простор да се проширува нелојалната конкуренција која ја создаваат нерегистрираните трговци, така и нечесните трговски практики ќе се одразат врз регистрираните трговци кои си ги исполнуваат обврските кон државата, со што системот ќе затајува, а тоа никому не оди во прилог. Ги охрабруваме граѓаните доколку забележат или веќе познаваат нерегистрирани трговци, препродавачи и продавници, веднаш да пријават во пазарниот инспекторат“, порачуваат од Државниот пазарен инспекторат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ