Во првата изречена пресуда за тероризам во Англија и Велс прикажана на телевизија судијата ја пофали мајката на Метју Кинг (19), што ги искажала своите сомневања во синот во антитерористичката програма Превент.
Кинг се изјасни за виновен во јануари за подготовка на терористички акти помеѓу 22 декември 2021 година и 17 мај 2022 година.
CCTV shows Matthew King targeting police as he plans a terrorist attack.
The 19-year-old had “actively desired” travelling to Syria and to areas controlled by Islamic State, and had admitted if he was unable to go, he would carry out an attack in the UKhttps://t.co/HZhTlbFTNK pic.twitter.com/NjG8Dg2vDi
— Sky News (@SkyNews) June 2, 2023
Кинг, кој изразил радикални ставови на интернет за време на пандемијата на коронавирус, изразил желба да убие воен персонал и рече дека се подготвува да упадне во касарната на британската армија во источен Лондон. Тој исто така изрази желба да отпатува во Сирија за да се приклучи на таканаречената Исламска држава.
Тие желби му биле спречени кога мајка му го пријавила. Дополнително, властите биле известени преку антитерористичката телефонска линија откако Кинг објави видео на Ватсап група во април 2022 година.
За време на изрекувањето на пресудата во Олд Бејли, централниот кривичен суд во центарот на Лондон, судијата Марк Лакрафт рече дека открил дека Кинг е опасен престапник способен да ѝ нанесе штета на јавноста, и покрај тврдењата на неговиот адвокат дека обвинетиот е на пат кон дерадикализација.
„Јасно е дека развивте вкоренет исламистички екстремистички начин на размислување, екстремни антизападни ставови и дека имате намера да извршите терористички акти како во ОК така и во странство“, му рече судијата на Кинг.
Кинг би можел да излезе од затвор за пет години бидејќи веќе поминал 367 дена во притвор, кои ќе бидат земени во предвид и ќе бидат одземени од должината на казната.