вторник, 22 октомври 2024

Доживотен затвор за тинејџер кој во полиција бил пријавен од неговата мајка

Објавено на

часот

Сподели

Во првата изречена пресуда за тероризам во Англија и Велс прикажана на телевизија судијата ја пофали мајката на Метју Кинг (19), што ги искажала своите сомневања во синот во антитерористичката програма Превент.

Кинг се изјасни за виновен во јануари за подготовка на терористички акти помеѓу 22 декември 2021 година и 17 мај 2022 година.

 

 

Кинг, кој изразил радикални ставови на интернет за време на пандемијата на коронавирус, изразил желба да убие воен персонал и рече дека се подготвува да упадне во касарната на британската армија во источен Лондон. Тој исто така изрази желба да отпатува во Сирија за да се приклучи на таканаречената Исламска држава.

Тие желби му биле спречени кога мајка му го пријавила. Дополнително, властите биле известени преку антитерористичката телефонска линија откако Кинг објави видео на Ватсап група во април 2022 година.

За време на изрекувањето на пресудата во Олд Бејли, централниот кривичен суд во центарот на Лондон, судијата Марк Лакрафт рече дека открил дека Кинг е опасен престапник способен да ѝ  нанесе штета на јавноста, и покрај тврдењата на неговиот адвокат дека обвинетиот е на пат кон дерадикализација.

„Јасно е дека развивте вкоренет исламистички екстремистички начин на размислување, екстремни антизападни ставови и дека имате намера да извршите терористички акти како во ОК така и во странство“, му рече судијата на Кинг.

Кинг би можел да излезе од затвор за пет години бидејќи веќе поминал 367 дена во притвор, кои ќе бидат земени во предвид и ќе бидат одземени од должината на казната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ