Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ го имаше натпреварот на кариерата, Словенецот често има брилијантни партии, но овојпат се надмина себеси постигнувајќи фантастични 73 поени.
Дончиќ беше незапирлив, покрај поените, имаше и десет скокови и седум асистенции.
Во составот на Атланта најдобра беше Тре Јанг со 30 поени, имаше и 11 асистенции.
Интересно е што овие 73 поени Дончиќ ги постигна против Атланта, клубот кој можеше да го има Словенецот, но се одлучи да го трејдува и тој заврши во Далас, а тие го добија Јанг.
Резултати:
Атланта – Далас 143-148
Шарлот – Хјустон 104-138
Индијана – Феникс 133-131
Торонто – ЛА Клиперс 107-127
Мемфис – Орландо 107-106
Милвоки – Кливленд 100-112
Њу Орлеанс – Оклахома 83-107
Сан Антонио – Портланд 116-100