сабота, 19 октомври 2024
Министерот за владината одлука за корекции на цени

Доматите, краставиците и гравот со цени до 95 денари, пиперките до 100 денари, поскапувањата ги кажа Бектеши

Објавено на

часот

Сподели

„Утврдивме зголемување на увозните цени и до 30%, посебно кај доматите, краставиците и кај гравот. Контролите на инспекциите и надлежните институции ќе продолжат и во наредниот период со цел да не бидат оштетени граѓаните, Буџетот на државата, како и да се сузбие и сивата економија и да има поголема конкурентност на домашното производство“, рече Бектеши кој денеска на прес-конференција ја образложи последната одлука на Владата, базирана во еден дел на средбата на Бектеши со увозниците и со Стопанската комора од минатата недела.

Согласно одлуката новите највисоки цени на овошјето и зеленчукот се: до 95 денари за  килограм свежи домати, до 95 денари за  килограм свежи краставици, до 70  денари за  килограм кромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95  денари  за  килограм грав, до 110  денари за  килограм леќа, до 75  денари за  килограм банани, до 60  денари  за  килограм портокали, до 65  денари  за  килограм мандарини и до 60  денари  за  килограм лимони. Кај карфиолот се укинува ограничувањето на највисока цена.

Ваквото ограничување на највисоките цени на овошјето и на зеленчукот во трговијата на мало, останува да важи до 30 април 2023 година, а ќе стапи на сила по објавување во Службен весник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ