петок, 25 октомври 2024

Домашни фирми бараат да го градат кампот за работниците на Бехтел и Енка

Објавено на

часот

Сподели

Од компанијата сметаат дека Македонија има капацитет да одговори на секој проект и дека македонските фирми не треба да бидат во втор план, зад странските.

„Пред три години Брако ги обезбеди префабрикуваните контејнерски системи за здравствените објекти во ковид кризата, таканаречените модуларни болници кои државата итно ги побаруваше, а потоа изгради и нови современи амбуланти во Скопје кои ги заменија старите дрвени бараки поставени пред 60 години“, наведуваат од компанијата.

Компанијата вчера соопшти и дека е регистриран од страна на НАТО за нивен потенцијален снабдувач и дека ќе се обиде да и продаде македонски производи на Алијансата.

„Брако даде понуда за набавка на 104 објекти од монтажен, префабрикуван и контејнерски модуларен систем за групно домување, работни простории и други објекти за потребите на работниот камп, кој ќе се протега на површина од над 300 илјади м2., како и за сите потребни елементи: греење, ладење, опрема и мебел, противпожарен алармен систем, ИТ систем, внатрешни инсталации, водовод, канализација, електро инсталации и опрема, системи на вентилација…како и транспорт на добрата до локација“, информираа од компанијата.



 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ