сабота, 14 декември 2024

ДОМ бара здружување за заштита на Охридскиот регион како природно и културно наследство

Заштитата на Охридскиот регион како природно и културно наследство е еден од програмските приоритети на партијата Демократска обнова на Македонија – ДОМ. За да се успее во справувањето со предизвиците, оценка на партијата е неопходноста од здружување на сите чинители, политички на сите нивоа на власта и на граѓаните, во заштита на градот и неговата околина. Тоа беше посочено на денешната конференција насловена „Локални политики за Охрид: Чиста вода, воздух и урбанизација“ што во организација на партијата, како и локалните невладини организации и еколошки друштва се одржа во Охрид.

Фото: И.О.

Објавено на

часот

Сподели

„Досега најмногу акцентот се ставаше на УНЕСКО, заштитата на охридското крајбрежје, биодиверзитетот на езерото…Но, за неверување што проблем во Охрид станува и аерозагадувањето. Не верував дека некогаш Охрид ќе биде позагаден од Скопје. Заради тоа и е организирана денешната конференција, чиста вода, воздух и справување со неконтролираната урбанизација“, рече Ана Угринска, копретседателка на ДОМ.

Угринска, како лекар по професија, истакна дека влијанието на аерозагадувањето е големо и исклучително штетно, и не само по респираторните органи.

„Особено малите честички, влегуваат во организамот, влијаат и врз кадриоваскуларното здравје, врз менталното здравје, мислам дека влијаат и врз појавата и развој на деменција, влијаат и врз растот и развојот на децата. Допрва ќе видиме ѓто значи ова загадување кај наредните генерации“, рече таа.

Угринска во оваа прилика посочи на податокот дека од десет деца што ќе починат во земјата, а се помали од една година, кај едно од нив причина за смртта е аерозагадувањето.

Борис Стојаноски од Еколошкото друштво Грашница посочи дека темите за загадувањето и жистата животна средина треба да бидат постојано актуелни за дискусија, од сите политики партии и еколошѓки активисти.

„Не сум експерт, но факт е дека во градот се чувствува аерозагадувањето. Секако една од причните за тоа е прекумерната урбанизација. Со изградбата на високи објекти на крејбрежјето на езерото стопирани се природните движења на воздухот и тоа се чувствува и во покачувањето на температурата и загадувањето на воздухот…Како еколози, на овој собир ќе посочиме на горливите проблеми со кои се соочува Охрид, а тоа се пловните објекти, колекторот за отпадни води, депонијата Буково и другите диви депонии“, рече Стојаноски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ