петок, 24 јануари 2025

Блинкен: Постои консензус меѓу регионалните партнери за иднината на Сирија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека постои широк консензус меѓу регионалните партнери дека новата влада на Сирија мора да биде инклузивна, да ги почитува правата на жените и малцинствата, да го отфрли тероризмот и да обезбеди и уништи залихите на хемиско оружје од времето на Асад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Блинкен, на денешната средба со специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Педерсон, рече дека очекува да разговара за предизвиците кои претстојат за Сирија и „решителноста да работиме заедно за поддршка на транзицијата на Сирија во која ОН играат клучна улога, особено кога станува збор за обезбедување помош и заштита на малцинствата“.

„Она што е толку критично во Сирија е да гледаме кредибилен и инклузивен политички процес кој ќе ги обедини сите заедници во Сирија. А втората работа е дека треба да се погрижиме државните институции да не пропаднат и да добиеме хуманитарна помош што е можно поскоро“, се согласи Педерсон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ