петок, 24 јануари 2025

Тајланд: Фрлена експлозивна направа во толпа, најмалку три лица загинаа, десетици се повредени

Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени откако експлозивна направа била фрлена во толпа на фестивал во Тајланд, јавува денеска Би-би-си.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Нападот се случил во петокот непосредно пред полноќ по локално време на саем организиран од Црвениот крст, кој секоја година се одржува во областа Умфанг во северната покраина Так.

Двајца осомничени се во притвор, но не е покренато обвинение, објавија Асошиејтед прес и локалните медиуми, повикувајќи се на тајландската полиција. Во соопштението, спасувачите рекоа дека експлозивот паднал во подножјето на отворена сцена каде што посетителите на фестивалот танцувале.

Неколку извештаи сугерираат дека експлозијата била предизвикана од импровизирана експлозивна направа.

Тајландската премиерка Паетонгтарн Шинаватра упати сочувство до семејствата на загинатите и повредените во бомбашкиот напад во објава на мрежата Икс.

Таа рече дека наредила полицијата и безбедносните агенции да ги истражат причините за експлозијата и да им помогнат на погодените. Таа нареди и зголемување на бројот на полицајци кои ќе ги надгледуваат сите фестивалски настани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ