вторник, 22 октомври 2024

„Долгорочната цел на американската политика е меѓусебно признавање на Србија и Косово“

Координаторот на Центарот за глобално ангажирање на Стејт департментот Џејмс Рубин изјави денес дека долгорочната цел на нормализацијата на односите на Белград и Приштина е меѓусебно признавање на Србија и Косово.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рубин за албанскиот сервис на Војс оф Америка кажа дека преку медиумите кои работат во Србија Русија и Кина вршат „малигно влијание“ со дезинформации и со тоа ги поткопуваат „евроатлантските интеграции и поттикнуваат регионални тензии“.

„Тешко е да се замислат нормализирани односи меѓу Косово и Србија без признавање, а фактот што некои земји, кои се членки на Европската Унија, не го признаваат Косово, не е релевантен. Косово и Србија имаат проблем кој мора да се реши. Мора да ги нормализираат односите“, кажа тој.

Додаде дека ја претставува политиката на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, и дека за возврат моли за истата љубезност која САД му ја пружаат на претседателот на Србија Александар Вучиќ, иако тој имал значајна улога во владата на Милошевиќ.

„Не разговараме со него за тоа. Не му го префрламе тоа кога соработуваме со него. Но, за жал, во Србија има такви што, кога ќе кажам нешто во име на администрацијата на Бајден, тоа сакаат да го поврзат со она од пред 25 години“, кажа Рубен.

Оцени дека вредностите на Западот и САД се доминантни во Европа и во земјите кои сакаат да бидат нејзин дел и покрај тоа што „Русија продолжува да го експлоатира прашањето на Косово и Србија заканувајќи се дека ќе стави вето на членството на Косово во ОН“.

„Русите се обидуваат да поделат, додека Соединетите Американски Држави, соработувајќи со сојузниците, се обидуваат да ги остават тие ужасни денови од минатото зад нас“, оцени американскиот дипломат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ