Натпреварот помеѓу Барселона и Ла Лива синоќа бише одложен непосредно пред почетокот поради смртта на докторот Карлес Мињаро.
Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, претседателот Жоан Лапорта се симнал во соблекувалната за да извести за трагичниот настан, фудбалерите била во шок, а капитените побарале да не се игра фудбал.
Како дел од персоналот, Карлес Мињаро бил дел од редовниот карантин на Барселона во пресрет на натпревар, престојувал во хотелот и утрото бил на доручек со тимот.
Тој потоа го прегледал Роберт Левандовски и дал препорака напаѓачот да одмори против Осасуна.
Карлес Мињаро починал неколку часа подоцна, за време на попладневната дремка.