сабота, 20 јули 2024

Докторите од Струмица и Скопје спасиле лице каснато од пајак „црна вдовица“

Во текот на викендот на Универзитетската клиника за токсиколгија е примен пациент во исклучително тешка општа состојба заради каснување од инсект кој според информациите од дежурниот доктор од Општата болница во Струмица и кажувањето на пациентот бил црн инсект кој личел на пајак. Директорот на Универзитетската клиника за токсикологија, Андон Чибишев, на фејсбук-профилот ги пофали докторите од Струмица и неговите колеги од клиниката за стручната и брза реакција со што пациентот бил спасен.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Би сакал да дадам неколку совети и да упатам неколку предупредувања. Временските услови овие денови многу им погодуваат на инсектите и влекачите кои стануваат поактивни а можеби и поагрсиевни. Исто така, добивам пораки од загрижени граѓани кои се жалат дека се каснати од инсекти и дека во својата околина виделе влекачи, главно гуштери и змии. Одредени видови на змии и инсекти кои живеат на нашето поднебје можат ако ве каснат сериозно да ви го нарушат здравјето“, напиша Чибишев на фејсбук.

Според клиничката слика и клиничките манифестации пациентот е каснат од пајак „црна вдовица“, (Latrodectus), инсект чие каснување може сериозно да го загрози здравјето и животот.

„Би сакал лично да го истакнам високопрофесионалниот пристап и реакцијата на дежурната екипа од Општа болница во Струмица кои пружиле соодветна итна помош и по пријавување на случајот во Токсиколошкиот информативен центар на Универзитетската клиника за токсикологија и консултација со нашиот дежурен доктор и дежурната екипа итно го транспортираа пациентот во нашата институција.
Исто така, сакам да го истакнам високостручниот пристап според воспоставените протоколи на дежурната екипа од Универзитетската клиника за токсикологија кои го хоспитализираа и во текот на неколку часа ја стабилизираа состојбата на пациентот.

Колеги, браво за исклучително професионалнот и стручен пристап и брзата реакција. Се во интерес на пациентите“, пишува д-р Чибишев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ