сабота, 19 октомври 2024

Дојави за бомби во црногорски училишта и во собранието

Објавено на

часот

Сподели

Управата на полицијата на Црна Гора извести дека примиле информации за поставени експлозивни направи во училишта во повеќе градови и дека зградата на собранието е евакуирана, пренесува РТС.

Родителите на децата кои одат во основното училиште Сутјеска во Подгорица биле повикани да дојдат по своите деца, додека учениците од неколку училишта во Никшиќ биле испратени дома откако била прекината наставата.

Минатата година на мејл адресите на 93 училишта во Црна Гора стигнале лажни дојави за бомби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ