вторник, 22 октомври 2024

Додик: Српското национално прашање не е решено, потребна ни е некоја нова Голема Србија

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик изрази денес желба за формирање нова држава која би ги обединила сите Срби на Балканот, истакнувајќи дека тоа е нивно легитимно право во регионот, бидејќи српското национално прашање, според него, останало нерешено.

Објавено на

часот

Сподели

Тој оваа теза ја кажа во интервју кое викендов го даде за руската новинска агенција Спутник, објаснувајќи дека во составот на таа Голема Србија ги гледа и Косово и Република Српска, како и Црна Гора.

Неговата изјава наиде на бројни критики, вклучувајќи осуда од министерството за надворешни работи на Црна Гора, но Додик денес на новинарите во Бања Лука им потврди дека останува на своите проекции и заговара формирање некаков вид голема српска држава.

„Српскиот народ има право на своја единствена држава на Балканот“, изјави Додик. Притоа кажа дека со распадот на поранешна Југославија сите други народи кои живееле во неа го решиле своето национално прашање, а таа можност, според него, им е ускратена само на Србите.

Кажа дека формирањето на Голема Србија по Првата светска војна го спречило само западен заговор предводен од Британија, која тој, заедно со САД, и денес ја гледа како најголем непријател на Србите.

Додаде дека Соединетите Американски Држави денес ги предводат напорите Босна и Херцеговина да се направи унитарна и централизирана држава и истакна дека Република Српска на тоа никогаш нема да се согласи.

Прогнозираше дека БиХ поради постојаните внатрешни конфликти ќе се распадне, што отвора можност Република Српска да се придружи на идната голема српска држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ