вторник, 22 октомври 2024

Додик: САД и Британија сакаат да ме тргнат од политиката

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик повторно кажа дека на Судот на Босна и Херцеговина против него се води монтиран политички процес на кој тој е малтретиран во обид да го исфрлат од политиката, а пред новинарите го пцуеше и навредуваше високиот претставник на Западот Кристијан Шмит.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата цел е да докажеме дека оваа не е земја ниту демократија туку протекторат“, кажа Додик кој тврди дека сега судот е под притисок што побрзо да се заврши процесот и поради тоа очекува одлуката да биде пред сè политичка бидејќи зад сето тоа, според него, стојат плановите на Соединетите Американски Држави и Велика Британија да биде тргнат од политика, а пред тоа да му се отежни учеството во кампањата за локалните избори во октомври.

Најави и дека нема да прифати никаква одлука „која нема да биде во согласност со правото“ но не објасни што мисли со тоа.

Додик ова го кажа по новото рочиште во постапката која се води против него и директорот на Службениот весник на Република Српска Милош Лукиќ кој се води во Судот на БиХ по обвинение за непочитување на одлуките на високиот претставник на Западот.

Неспроведувањето на одлуките на високиот претставник во БиХ е кривично дело за кое може да се добие казна затвор до пет години, а осудувачка пресуда значи и автоматска смена доколку станува збор за именуван или избран функционер.

Стратегијата на Додик се темели на фактот дека Кристијан Шмит не е легално избран за висок претставник бидејќи за тоа немало расправа во Советот за безбедност на ОН, па поради тоа нема овластувања да поништува закони донесени од парламентот на Република Српска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ