четврток, 24 октомври 2024

Додик: Лага е дека во Република Српска има руски кампови за Молдавци

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека е „обична лага“ тврдењето дека во РС има руски кампови за обука на тимови Молдавци за предизвикување немири во таа земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Демантирам дека постојат кампови. Тоа никогаш не била наша активност“, им кажа Додик на новинарите во Казањ, во Русија, каде присуствува на самитот на БРИКС.

Претседателот на РС најави дека ќе ја информира и Русија „за лагите кои се пласираат против Република Српска“.

Амбасадата на Соединетите Американски Држави оцени дека се загрижувачки извештаите од Молдавија за постоење кампови во РС во кои Русите обучуваат млади Молдавци за предизвикување немири.

Додик најави дека во сабота ќе свика состанок на сите функционери и надлежни служби за да докаже дека тврдењата за камповите се лага.

Тој истакна дека целта н тврдењето за руски кампови во РС е „да се одржи негативната приказна за Република Српска и да им се пружи прилика на муслиманите да продолжат со клеветите и лагите“.

„Американскиот амбасадор (во БиХ) Мајкл Марфи повторно е фатен во лага и целосно е дискредитиран за да биде некаков посериозен претставник. Затоа и го организираме состанокот за да ја запознаеме светската, но и американската јавност каков лажго е тој“, кажа Додик.

„Просто е неверојатно што ваква информација има служба од Молдавија, а тоа го нема Разузнавачката служба на БиХ (ОБА), службите на Германија, Србија, Франција, Британија, нема ниту ЦИА, ја има само Молдавија“, оцени лидерот на босанските Срби.

Тој побара да „покажат каде се наоѓа тој камп и тој веднаш ќе биде срамнет со земја“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ