петок, 18 октомври 2024

Додик: До крајот на годината можен е референдум за статусот на Република Српска, спремен сум да одам до крај

Објавено на

часот

Сподели

Милорад Додик им се обрати на новинарите по одбележувањето на 81 година од битката на Козара.

Тој повтори дека Република Српска не го признава наметнатиот високи претставник на меѓународната заедница Кристијан Шмит.

„РС го отфрла Кристијан Шмит како висок претставник, и не е тоа некој наш инает, туку тој не е избран од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации. Шмит нема легитимитет, тој е дел од подметнувањето на српскиот народ со цел РС да исчезне и да го изгуби идентитетот“, кажа Додик.

Истакна дека во овој момент во тек е синхронизирана напад и врз властите на РС и на Србија, и дека разговарал со адвокати и дека е можно да го тужи Шмит пред германското законодавство, но дека за тоа им е потребен еден германски државјанин.

Додик кажа и дека наскоро народното собрание на РС би можело да изгласа забрана за дејствување на специјалната полиција и обвинителството на Босна и Херцеговина на просторот на овој ентитет.

„Во оној момент, а јас сум многу итар, кога ќе го потпишам указот тие ќе го третираат тоа како кршење на одлуките на високиот претставник а мене ќе ме процесираат на суд и во обвинителството. А ние во следниот период ќе разгледаме одлуки за забрана на дејствување на СИПА и обвинителството на БиХ“, кажа Додик и истакна дека до крајот на годината би можел да распише референдум за статусот на РС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ