„Кога во Америка победи Доналд Трамп, имав намера да прогласам независност на Република Српска. Тогаш некои околу мене се исплашија и не го направив тоа. Морам да кажам дека денес ми е жал што не го направив. Но ако Трамп повторно победи, мислам дека не би се колебал“, кажа Додик за ТВ Прва.
На прашањето за американските санкции за него и неговото семејство, Додик кажа дека тоа е повеќе немоќ и дека тој нема право за својот комодитет да ги жртвува интересите на Република Српска.
Истакна дека е горд на своето семејство, додавајќи дека тие се многу свесни и одговорни луѓе и дека се борат во животот, а дека тоа им пречи на Американците. Додик кажа дека тој е избран функционер и дека има право да бира на кој начин ја води политиката.
„Клучното прашање околу мене повеќе не е криминалот, сега сè се сведе на реториката, тоа им пречи и тоа е погубно“, истакна Додик.