сабота, 19 октомври 2024

Додик: Ако Трамп повторно победи, не би се колебал да прогласам независност на РС

Претседателот на Република Српска Милорад Додик кажа дека верува во независноста на тој ентитет на Босна и Херцеговина и дека смета дека тоа еден ден мора да се случи. Додик изјави дека тој би можел да биде заслужен за тоа „во некоја перспектива“.

Објавено на

часот

Сподели

„Кога во Америка победи Доналд Трамп, имав намера да прогласам независност на Република Српска. Тогаш некои околу мене се исплашија и не го направив тоа. Морам да кажам дека денес ми е жал што не го направив. Но ако Трамп повторно победи, мислам дека не би се колебал“, кажа Додик за ТВ Прва.

На прашањето за американските санкции за него и неговото семејство, Додик кажа дека тоа е повеќе немоќ и дека тој нема право за својот комодитет да ги жртвува интересите на Република Српска.

Истакна дека е горд на своето семејство, додавајќи дека тие се многу свесни и одговорни луѓе и дека се борат во животот, а дека тоа им пречи на Американците. Додик кажа дека тој е избран функционер и дека има право да бира на кој начин ја води политиката.

„Клучното прашање околу мене повеќе не е криминалот, сега сè се сведе на реториката, тоа им пречи и тоа е погубно“, истакна Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ