недела, 6 октомври 2024

Доцна синоќа земјотрес ги погоди Охрид и Струга

Земјотрес доцна синоќа е регистриран синоќа на подрачјето на Охрид.Телеметриската сеизмолошка мрежа на сеизмолошките станици инсталирани ширум Македонија во 22:52 часот регистрираше земјотрес чиj епицентар е на епицентралното подрачје Охрид, 120 километри југозападно од Скопје, со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, како и во пограничните делови со територијата на Албанија. 

Претходно, исто така вчера, во 14:07 часот Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрираше посилен земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 125 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда 3.6.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ