сабота, 20 јули 2024

До 40 минути чекање на граничните премини, започна летниот режим на сообраќај за камиони

На граничниот премин (ГП) Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од земјава е околу 40 минути. На ГП Табановце има зголемена фреквенција на возила за влез во државата и се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Оттаму потсетуваат дека од вчера стапи на сила летниот режим за сообраќај на камиони

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Времениот режим важи за сите државни патишта и тоа во петок од 17 до 22 часот, сабота од 9 до 18 часот и недела од 9 до 22 часот.

Посебен летен режим има на магистралниот пат А2 делница Скопје – Охрид – Скопје по кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите и тоа петок од 15 до 22 часот, сабота од 7 до 12 и од 18 часот до полноќ и недела од 7 до 22 часот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април 2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ