недела, 24 ноември 2024

ДКСК отвора предмет по анонимна претставка за именувањето на новиот директор на АНБ

Нецела седмица по именувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност, Државната комисија за спречување корупција отвора предмет за утврдување дали Христовски ги исполнува условите за извршување на доверената функција. ДКСК го отвора предметот по анонимна претставка.

Објавено на

часот

Сподели

„Пристигната е претставка од анонимен подносител за наводно непоседување услови на новоназначениот директор на Агенцијата за национална безбедност. Ќе отвориме предмет и ќе се постапува по претставката, а нејзината содржина дополнително не можам да ја образложувам“, изјави за медиумите претседаелката на ДКСК, Татјана Димитровска.

Од сè уште неофицијални информации, претставката се однесува на условите за директор на АНБ, односно со неа се оспорува можноста Христовски да биде директор на тајната служба.

Уште од моментот кога Бојан Христовски беше именуван за директор на АНБ, започнаа меѓупартиските обвинувања за партизација на безбедносните служби, со оглед дека Христовски до минатата година бил претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа, од опозицијата беше оспорувана и категоријата на неговиот безбедносен сертификат, неговото искуство, како и сертификатот за познавање англиски јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ