вторник, 22 октомври 2024

ДКСК ќе расправа за именувањето на заменик директорката во Агенцијата за разузнавање

Државната комисија за спречување на корупцијата оформила предмети по добиена претставка за назначувањето на заменик директорката во Агенцијата за разузнавање и по поднесена претставка од министерот за внатрешни работи во однос на преземените дејства од страна од претходниот заменик министер. За овие случаи во тек е анализата на документацијата, изјави денеска претседателката на ДКСК Татјана Димитровска.

Објавено на

часот

Сподели

„Да, во ДКСК пристигнати се два предмети, односно две претставки – едната се однесува на изборот на заменик директор на Агенцијата за разузнавање. Исто така, поднесена е и претставка од министерот за внатрешни работи во однос на преземените дејства од страна од претходниот заменик министер. За двете претставки се оформени предмети. Побарана е документација. Доставена е документација и во тек е анализа на документацијата. По однос на овие два предмети, ќе донесеме одлука. Приоритет даваме на ваквите предмети, бидејќи едните се однесуваат на сомнежи за прекршување на Изборниот законик и Законот за спречување на корупција, додека останатиот предмет е за исполнување на услови за назначување на заменик директор“, рече Димитровска одговарајќи на поставеното прашање од пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска.

Димитровска на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците го образложи Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2023 година.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 28 јуни за нов заменик-директор во Агенцијата за разузнавање ја назначи Ивана Стојановска. Во медиумите се пишуваше дека таа ги нема потребните години работно искуство во соодветните области, неопходни за да биде именувана за заменик-директорка на АР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ