сабота, 19 октомври 2024

ДКСК ќе ѝ каже на Грковска дека Груби користел службени простории за партиски цели

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираше на денешната 86-та седница претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, до нив се доставени докази и информации, дека вицепремиерот Артан Груби, службените простории на министерството често пати ги употребува за одржување на состаноци за партиски цели.

„Фотографи и линкови од фејсбук профилот на политичката партија ДУИ, од кои е видно дека во министерството се одржани средби на нивниот партиски лидер со претставници од странство“, рече Ивановска.

Имајќи предвид дека ваквото однесување не е во согласно со кодексот на етичко однесување на Владата и носителите на јавни функции, првата антикорупционерка нагласи дека ДКСК ќе упати укажување до Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ