вторник, 22 октомври 2024

ДКСК ги регистрираше првите лобисти во Македонија

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) денеска на седница донесе решение Друштвото за услуги Прима инкасо од Штип да биде запишано како лоби организација во Регистарот на лобисти, лоби организации и лобирање, откако друштвото го побарало тоа од Антикорупциската комисија.

Објавено на

часот

Сподели

Сервет Демири, член на ДКСК, информираше дека се исполнети сите законски услови за оваа фирма да се впише во Регистарот, во кој ќе биде лоби организација регистрирана за вршење лобирање во областите економија, енергетика и правни консултантски услуги.

„По извршената проверка на потполноста на пријавата и исполнетоста на условите од членовите 6 и 7 од Законот за лобирање, а со оглед на тоа што на подносителот не му е суспендирано правото на повторно запишување во Регистарот, подносителот се запишува првпат во Регистарот“, рече Демири.

Потпретседателот на ДКСК, Зоран Богоевски, соопшти дека  ова е прв случај на лоби организација која ги користи можностите од Законот за лобирање да се регистрира согласно законот иако тој, рече Богоевски, е во примена повеќе од две години.

„Затоа би сакал да ги охрабрам заинтересираните физички и правни лица, кои сакаат да се стекнат со статус на лобисти или лоби организации, да ги искористат можностите што им ги нуди Законот за лобирање и, секако, доколку имаат нејасностии или прашања, Комисијата им стои на располагање заедно со службите да им помогне на заинтересираните субјекти“, рече Богоевски на денешната седницата на ДКСК на која ова беше единствена точка од дневниот ред.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ