вторник, 22 октомври 2024

ДИТ го чека извештајот за причините за двете несреќи во Пробиштип

Трудов инспектор бил на терен за да направи увид по двете несреќи во кои се повредени двајца работници од Пробиштип, едниот работејќи во рудник, а другиот во фабрика за акумулатори.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Од Државниот инспекторат за труд денеска за МИА велат дека го чекаат извештајот од инспекторот, по што ќе знаат како понатаму ќе постапат.

Според информациите од МВР несреќите се случиле во рудникот за олово и цинк во село Добрево и во фабриката за акумулатори во Пробиштип.

„Во понеделникот во  22:08 часот во полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен  38 годишниот Т.Ј. Според пријавеното, тој се здобил со повреди додека работел во рудник во село Добрево, пробиштипско. На местото на несреќата бил извршен увид“, соопштија од МВР.

Надлежните од Клиничка болница-Штип велат дека 38 годишниот Т.Ј е примен со тешки телесни повреди и веднаш е транспортиран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Втората несреќа се случила вчера педесетина минути по полноќ. Во полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 20 годишниот А.Р. Според пријавеното, тој се здобил со повреди при извршување работни задачи во фабрика за акумулатори во. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот. Дваесет годишниот работник на вилушкар е примен во штипската Клиничка болница, каде што по прегледот, лекарите го пуштиле на домашно лекување, бидејќи бил со полесни повреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ