четврток, 24 октомври 2024

Директорката на американската Тајна служба прифаќа одговорност за атентатот на Трамп, но не нуди оставка

Директорката на американската Тајна служба Кимберли Читл изјави денес дека неуспешниот атентат на претседателскиот кандидат на републиканците Доналд Трамп на 13 јули бил најголемиот оперативен неуспех на агенцијата во последните неколку децении.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа тоа го кажа на своето прво појавување пред Надзорниот одбор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес по обидот за убиство во кој еден гледач беше убиен, Трамп беше ранет во увото, а уште двајца учесници беа повредени.

Таа додаде дека ја презема целосната одговорност за сите погрешни потези на агенцијата во врска со нападот на Трамп на предизборниот собир во Батлер во сојузната држава Пенсилванија.

Членовите на надзорниот одбор изразија огорчување поради тоа како напаѓачот можел така да му се приближи на републиканскиот претседателски кандидат, кој требаше да биде внимателно чуван.

Тајната служба претходно призна дека одбила некои барања на тимот на Трамп за зголемување на безбедноста на неговите собири во деновите пред обидот за убиство.

Секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас кажа дека тоа е „неуспех на службата“, додека неколку конгресмени ја повикаа Читл да поднесе оставка, или претседателот Џо Бајден да ја отпушти.

Тајната служба соопшти дека Читл не планира да се повлече. Таа и понатаму ја има поддршката од Бајден, Мајоркас и други истакнати демократи.

Нападот на Трамп беше најсериозниот обид за убиство на претседател или претседателски кандидат откако беше пукано во Роналд Реган во 1981 година.

Властите се обидуваат да ги откријат мотивите на 20-годишниот атентатор Томас Метју Крукс да го направи тоа, но досега ништо не е најдено.

Истражителите на неговиот телефон нашле фотографии на Трамп, Бајден и други високи владини функционери и откриле дека ги пребарувал датумите на конвенциите и митинзите на Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ