сабота, 19 октомври 2024

Димитров против Синер во финалето на турнирот во Мајами

По сензационалната победа над Алкараз, бугарскиот тенисер Григор Димитров го совлада и Александер Зверев за пласман во финалето каде ќе игра против Јаник Синер кој имаше брилијантен меч против Данил Медведев.

Објавено на

часот

Сподели

По голема борба Димитров го совлада Зверев со 2-1 во сетови, мечот траеше два часа и 40 минути.

Бугарскиот тенисер почна добро, го доби првиот сет со 6-4, а во вториот се играше тај-брејк кој му припадна на Зверев со 7-4.

Во третиот решавачки сет Димитров славеше со 6-4 за победа од 2-1 во сетови и пласман во големото финале во Мајами.

Таму ќе игра против Синер кој имаше фантастичен меч против Медведев во кој загуби само три гејма.

Првиот сет го доби со 6-1, во вториот беше подобар со 6-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ