вторник, 22 октомври 2024
Продолжи судењето на кумановскиот градоначалник

Димитриевски не се чувствува виновен зошто не дал дозвола за градба на две кумановски фирми

Во Основниот суд Куманово денеска продолжи рочиштето во кое е обвинет кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за злоупотреба на службена положба и овластувања, по кривична пријава поднесена од кумановски градежни фирми за случај со не добивање дозволи за градење згради во Куманово.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

На расправата беа изведени вербални докази, беа сослушани двајцата сопственици и сведок предложен од обвинителството. Две градежни компании од Куманово „УПМ-груп“ и „Хромак Емил“, сметаат дека Димитриевски ја злоупотребил функцијата градоначалник и ги оштетил.

Тие сметаат дека се оштетени бидејќи истиот состав на Советот на општината и градоначалникот изгласале детален урбанистички план (ДУП), во кој сакале да вложат инвеститорите. Според нивното сведочење, подоцна советот на предлог на градоначалникот донел одлука за суспензија на ДУП-от, кој се однесува на парцела во близина на гимназијата и школската амбуланта во Куманово.

Според Бобан Спасовски, сопственик на „УПМ груп“, градоначалникот Димитриевски намерно ја злоупотребил положбата и не дал навремени одобренија за градба, ниту пресметка за плаќање на комуналии. Тој кажа дека ќе побара и отштета, обвинувајќи дека градоначалникот преку администрацијата ја доцнел постапката.

Емил Георгиевски, сопственикот на „Хромак“ рече дека неговата фирма била задолжена за оперативата, а неговиот партнер за административните работи. Двајцата, одговарајќи на прашања на одбраната на обвинетиот кажаа дека е пракса да се склучуваат договори со изведувачи кои требало да извршат активности на градежната парцела пред да почне изградбата и дека се нафатиле да платат аванс со неколку други изведувачи. Според Георгиевски, така прават и сега во други градови и соседни земји. И Георгиевски ќе побара оштета. Двете градежни фирми побаруваат околу 3,3 милиони денари.

Одбраната пак, праша, како пред да добијат дозвола почнале постапки со други компании изведувачи, се нафатиле да платат и аванс, иако дозволата воопшто ја немале и дека одлуката за изградба важела за сите објекти не само за спорниот објект, даден во проектот на фирмите. Спасовски одговори дека е бизнисмен и презема ризици и оти ова било пракса востановена во градежната сфера.

На денешната расправа беше сослушана и раководителката на секторот за комунални дејности од општина Куманово, Лидија Ланг Спасовска, која рече дека за надоместоците законските рокови се куси и дека се потребни потписи од советник, раководител и градоначалник.

Градоначалникот Димитриевски потенцира дека не се чувствува виновен.

Наредната расправа е закажана за 2 јули, кога ќе биде сослушан уште еден сведок од секторот за урбанизам од општина Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ