сабота, 19 октомври 2024

Димитриевски е на излезна врата од Рајо Ваљекано

Објавено на

часот

Сподели

Димитриевски го брани голот на Рајо Ваљекано од 2018 година, во една прилика рече дека би сакал да ја заврши кариерата во овој клуб, но активностите на малиот мадридски клуб на трансфер пазарот покажуваат дека тоа нема да се случи.

Според „Гол Дигитал“, Рајо Ваљекано понудиле 8,5 милиони евра за Луис Максимилијано од Лацио. Доколку римскиот клуб одговори позитивно, Димитриевски ќе биде ставен на продажба.

Димитриевски се поврзуваше со Реал Мадрид, нејасно е дали таа опција е отворена бидејќи не се знае дали резервата на Куртоа, Андреј Лунин ќе го напушти клубот или ќе остане на Бернабеу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ