сабота, 19 октомври 2024

Димитриеска-Кочоска: За домашните компании многу поважна е пругата кон Солун, отколку кон Бугарија

Парите за пругата кон Бугарија нема да може да се пренаменат, со кредиторите може да се зборува за нов заем, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

„Кога барате наменски кредит, не може за друго да го користите. Може само да ги замолиме да ги резервираат средствата и да аплицираме за нов заем, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на средба со новинарите.

Димитриеска-Кочоска вели дека имала средба со претставници на Европската инвестициска банка и дека отворено ги изнела сите аргументи. Според неа, за домашните компании многу поважна е пругата кон Солун.

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски Александар Николоски изминатиот период изјавија дека ќе се бара пренамена на средствата затоа што пругата завршува во слепа улица.

„Вака како што се поставени работите, би било лудо да се сложиме како Влада на проект што завршува на пола тунел во слепа улица и да потрошиме половина милјарда евра народни пари, затоа што вредноста на проектот е 560 милиони евра од тие 360 се кредит, а 200 милиони се грант“, изјави Мицкоски во понеделникот.

За третата фаза од железничкиот Коридор 8,  од Крива Паланка до границата со Бугарија обезбедени се 560 милиони евра, 350 милион евра се од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка. Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан земен е грант од 150 милиони евра, а од ИПА 2 програмата 60, 7 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ