четврток, 31 октомври 2024

ДИК ги потврди кандидатите за претседател, Јакимовски и Таравари не доставиле трансакциски сметки

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница едногласно ги потврди кандидатурите за претседател на Македонија за претстојните избори поднесени од Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Стевче Јакимовски поддржан од ГРОМ, Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди,  Билјана Ванковска Цветковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски информира дека кандидатите Јакимовски и Таравари во рок од 48 часа треба да доставаат единствен даночен број и трансакциска сметка.

Даштевски соопшти дека сите кандидатски листи за претседател на државата се доставени навремено.

Членот на ДИК, Бобан Стојаноски истакна дека согласно член 160 од Изборниот законик до ДИК било доставено барање за акредитирање на набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР – Канцеларијата за демократски институции и човекови права за 34 акредитации со список на набљудувачи кои уредно се доставени до ДИК за набљудување на изборите за претседател и изборите за пратеници. Членовите на ДИК едногласно го усвоија ова барање.

ДИК го усвои Упатството за изгледот на беџовите за идентификација на изборните органи, изборната администрација, овластените претставници на подносителите на листа на кандидат, меѓународните и домашните набљудувачи за изборите за претседател на Република Северна Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април годинава, започнува на 4 април на полноќ и ќе трае до 22 април исто така до полноќ кога започнува изборниот молк за избор на претседател.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ