понеделник, 28 октомври 2024

ДИЦ му порача на Шаќири решение за повисоки плати да најде веднаш и сега

Сериозен политичар борбата на вработените за достоинствена плата за егзистенција не смее да си дозволи да ја исмева нарекувајќи ја желба за популарност, реагираат од Синдикатот на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) на изјавата на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири кој вчера изјави дека не му се допаѓа ситуацијата со ДИЦ и условувањето со блокада на 500 наставници и директори кои треба да добијат лиценци, а условот е зголемување на платата. Синдикатот на Државниот испитен центар (СОДИЦ) пред десет дена го реактивираше штрајкот кој беше ставен во мирување во мај оваа година.

Објавено на

часот

Сподели

Во реакцијата, ДИЦ им се обараќа на министерот за образование и наука Јетон Шаќири и на министерот за финансии, Фатмир Бесими со порака дека би требало сериозно да ја сфатат функцијата и да не ја доведуваат во заблуда јавноста дека ќе го решат проблемот на почетокот на следната година.

„Имено, се повикувате на непостоечка уредба со која би добиле додаток на плата – не бараме додатоци, туку бараме достоинствена плата како што ја имате и вие. Се повикувате на Општ колективен договор кој би важел од јули 2025 година. Објаснете ѝ на јавноста за какво решение зборувате кога се повикувате во моментов на непостоечки документи? Министре, сериозен политичар борбата на вработените за достоинствена плата за егзистенција не смее да си дозволи да ја исмева нарекувајќи ја желба за популарност. Ве повикуваме и Вас и вашите колеги кои изјавувате дека имате системски или какви било решенија да го решите проблемот сега и веднаш. По 7 месеци секое одложување е смешно. На крајот бидете и Вие општествено одговорни па откажете се од вашата плата во интерес на образовниот процес и вработените на ДИЦ, затоа што нашите барања за покачување за сите вработени во ДИЦ се околу една министерска плата“, реагираат од ДИЦ.

Не ми се допаѓа оваа ситуација со Државнииот испитен центар и условувањето со блокада на 500 наставници и директори кои треба да добијат лиценци, а условот е зголемување на платата. Веќе седум месеци дискутираме за овој проблем, а еве веќе од јануари ова може да биде надминато, изјави за штрајкот на вработените во ДИЦ министерот за образование и наука Јетон Шаќири за ТВ24.

Синдикатот на Државниот испитен центар (СОДИЦ) пред десет дена го реактивираше штрајкот кој беше ставен во мирување во мај оваа година.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ