четврток, 18 јули 2024

ЏП Морган ќе им исплати 290 милиони на жртвите на Џефри Епстин

Објавено на

часот

Сподели

Оваа пресуда доаѓа откако судењето, кое траеше повеќе месеци, покажа дека високи функционери во банката со години го игнорирале „сомнителното“ однесување на Епстин бидејќи бил вреден клиент.

Епстин имал сметка во банката од 1998 до 2013, а откако во 2006 беше обвинет за подведување проститутки, а две години подоцна и осуден, неговиот статус во банката не се менувал.

Епстин во 2019 година се обесил во затворската ќелија додека го чекаше судењето за трговија со луѓе.

Во моментот на неговото апсење во јавност излегоа листите на високи државни функционери и славни личности кои биле гости на островот на Епстин, каде наводно се организирале оргии во кои учествувале малолетни лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ