Хантер Бајден, во договорот постигнат со судот, се изјасни за виновен за неплаќање данок на доход и нелегално поседување на оружје, откако го прекршил законот во 2018 година кога купил пиштол додека користел дрога, објави обвинителот задолжен за случајот.
Со тој договор се стави крај на петгодишната истрага на Министерството за правда против синот на претседателот Џо Бајден, кој призна дека имал проблеми со зависноста од дрога по смртта на неговиот брат Бо во 2015 година.
Ова го спречува судењето кое би предизвикало повеќедневно или повеќенеделно медиумско внимание во време кога Белата куќа се обидува да остане што подалеку од Министерството за правда.