вторник, 22 октомври 2024

Џил Бајден го поздрави лидерството на кралот на Мароко за зајакнување на статусот на жените и младите

Објавено на

часот

Сподели

„Под водството на неговото височество, кралот Мохамед VI, Мароко ги охрабрува реформите за зајакнување на статусот на жените и младите, што е одраз на нашите заеднички приоритети“, рече Бајден во изјавата објавена во неделата од страна на Белата куќа.

САД се благодарни за „долгогодишното партнерство и пријателство со Мароко“, истакна таа.

Првата дама на САД истакна дека имала исклучително љубезен прием при нејзиното пристигнување во саботата во Маракеш од страна на нејзиното височество, принцезата Лала Хасна.

„Додека се запознававме, таа ми раскажа за нејзината работа на полето на едуцирање на децата и младите, како и за важноста да се заштити оваа политика“, рече Бајден, додавајќи дека е „инспирирана од нејзината страст“.

„Возбудена сум да ја претставам нејзината приказна во САД, со цел да изнајдам повеќе можности за да научиме едни од други“, додаде таа.

Посетата на првата дама на САД на Кралството е дел од турнејата на Блискиот Исток, Северна Африка и Европа, со цел да се промовираат условите за жените и младите ширум светот, особено во насока на образованието, здравјето и зајакнување на нивниот статус во општеството. Посетата на Мароко е втора по онаа од 2014 година, кога Бајден го придружуваше претседателот Џо Бајден, тогашен потпретседател на администрацијата на Обама, за време на неговото учество на петиот Глобален самит за претприемништво, кој се одржа во ноември во Маракеш.

Овој ентузијазам за Кралството, кое е „земја на гостопримство“, ја покажува положбата која Мароко ја има кај високите американски функционери и ја нагласува стабилноста на долгогодишното стратешко партнерство меѓу Мароко и САД под водство на кралот Мохамед VI, пишуваат мароканските медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ