петок, 18 октомври 2024

Џезот си го отсвири своето, а од Пошта да јаваа ќе дојаваа

Објавено на

часот

Сподели

Според печатот, јасно ни е дека пратката поштарот требало да ја земе и донесе на 2 декември, ајде на 3 декември, макар што од Скопје во Скопје патува пратката, е ај преку сила нека е на 4 декември… Ама на 27 април 2023 година? Да, денеска пристигна препорачаната пратка!

А сиот тој џез е отсвирен одамна. И можеби е застојот поради џезот. Да не е поштарот противник на џезот, а е за фолк или можеби слуша кантри музика, па едноставно од злоба му текнало да не носи?

Уредно стариот џезер Оливер Белопета си отишол во Пошта за да ни испрати покана за изложба на фотографии „Поради џезот“ чиј почеток е закажан за 10 декември и ќе потрае две недели, ама нели првиот ден е како настан, со изјави, можеби и некоја џез свирка. Ама кој да знае, кога пликото со покана и со илустриран пропаганден материјал не стигнало тогаш. А имало фора една недела поштарот да патува со пликото и пак да не се задоцни за настанот.

датум

Да знаел Белопета не ќе трошел пари за Пошта, можел еден ден ако поминувал оттука да заѕвони, или некој друг во негово име да помине. Можел и да се јави, или по мејл да испрати, нели ново време е. Ама пак, вака преку пошта на џезерскиот настан повеќе шмек му дава. Покана во рака, е тоа е нешто денес.

А што пак сме запнале по поштарот со тона критики? А можеби на поштарот утрово му го дале пликото, можеби го нашол некој таму каде што се замезува бурек со месо и јогурт насабајле? А можеби и тоа држи… 

поста

А можеби паднало пликото некаде во поштенската кола, па автомеханичарот сега го видел и чесно му го предал на поштарот?

А можеби и премногу се заморуваме „Поради џезот“ кој е одамна отсвирен.

А?

Е, ах вечно Скопје!

                                                                                                                                                 П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ