сабота, 19 октомври 2024

Џек Тешеира обвинет за објавување на тајните документи на Пентагон

Објавено на

часот

Сподели

Припадникот на 102-то разузнавачко крило на Националната воздухопловна гарда на Масачусетс, беше уапсен синоќа поради вмешаност во оддавањето доверливи документи на американската влада и војска и денес се појави пред суд во Бостон.

Тој документите ги објавил на Доскорд и тоа од „информативни причини“, односно за да ги извести пријателите што се случува, ја пренесува Њујорк тајмс изјавата на еден од челновите на групата.

Во документите, кои со недели кружеле по интернет пред минатата недела да го привлечат вниманието на медиумите, и владата на САД, има чувствителни информации за голем број теми, вклучувајќи оценка на американски функционери за неспремноста на украинската војска, праксата на американско шпионирање на своите сојузници како Израел, Украина и Јужна Кореја, наводните планови на Сеул да му испрати муниција на Киев и многу други.

Пентагон, кој почна опсежна истрага, не ја потврди ниту ја демантираше автентичноста на документите кои протекоа, признавајќи само дека ситуацијата ја сфаќа „многу сериозно“ и дека некои од материјалите се „со сличен формат“ на разузнавачките брифинзи на американското министерство за одбрана. Повеќе американски и странски функционери, меѓутоа, тврдеа дека се чини дека некои документи се делумно или целосно лажни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ